Емотивна дистанцираност во врската

Чувствувате ли понекогаш дека емотивно сте се оддалечиле од партнерот? Стануваат ли вашите разговори претежно монотони? Дали избегнувате интимност?

Емотивната дистанца е многу чест поим во врските. Најчесто се развива многу бавно, па не сме ни свесни за проблемот додека не стане (пре)голем. Има многу причини заради кои партнерите емотивно се оддалечуваат, понекогаш вината е во едниот, а понекогаш во другиот партнер.

Кои се двете најчести причини за емотивно дистанцирање на партнерите?

Стрес, тага или депресија. Луѓето често пати се повлекуваат во себе кога се соочуваат со голем стрес или преживуваат тешки моменти. Ако постојат очигледни причини за стрес кај вашиот партнер, прашајте го/прашајте ја како се чувствува поради тоа и обидете се заедно да најдете начин да го ублажите стресот. Ако мислите дека станува збор за депресија, внимателно предложете посета на професионалец од областа на психологијата.

На партнерот му треба време за себе. Многу парови, особено оние кои имаат мали деца, наоѓаат сè помалку време за себе (ако воопшто го имаат). Некои од нив ставаат слушалки на ушите, се задлабочуваат во некоја телевизиска програма, седат на интернет или се занимаваат со своите смартфони. Ако мислите дека ова се случува и во вашата врска, прашајте го партнерот дали му/ѝ треба време за себе, па заедно поразговарајте што може да се направи по тоа прашање. Најдобро е да се постигне договор од кој и двата партнери ќе имаат корист и ќе можат малку да се одморат.

Претходна Нисан го претстави новиот подобрен модел 370 Z Project Clubsport 23
Следна Trip Advisor ја обелодени листата на градови со најдобра храна

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!