Огромна желка запре возови во Англија

Огромна африканска желка која се нашла на железничката пруга предизвика доцнење на возовите меѓу Норфолк и Кембриџ, Англија.

Како што информираат од железницата, присуството на желката на пругата влијаело на три услуги, две линии биле во прекин, додека еден воз доцнел 20 минути. Проблемот настанал откако желката залутала од продавница за домашни миленичиња во неделата и кога била пронајдена, било откриено дека има дупка од 76 сантиметри во школката откако била удрена од воз.

Желката ја фотографирала патничката Дајан Акерс која патувала со возот од Ели до Норвич.

„Беше големо и ги презеде пругата. Се обидов да стапам во контакт со железницата на Твитер, а пораката стигна до полицијата“, рече Акерс.

Желката е пренесена на ветеринар поради оштетување на школката.

Претходна The Alan Parsons Symphonic Project “Sirius” – “Eye In The Sky”
Следна Првиот сериски Maserati Ghibli Spyder ќе добие нов сопственик

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!