Норвешки фјордови: освежување за долгите летни денови

Летото е идеално време за посета на фјордовите. Температурите се пријатни за пловење, сонцето не е премногу силно, а свежите вечери гарантираат длабок и оживувачки сон по цел ден уживање во прекрасната природа. Ако се земе во предвид природната убавина која несомнено ја има Норвешка и на тоа се додаде завидната економско-социјална ситуација која владее во таа земја, малкумина се оние кои не би посакале да бидат исто како Норвежаните. Во секој случај, Норвешка е прекрасна земја, а она што го засилува тој впечаток е одговорноста со која Норвежаните се однесуваат кон таа убавина.

Во некои антички времиња, тоа се одразувало во населувањето на најоддалечените делови на дивината, а денес во внимателниот однос кон градовите. Иако овие градови се навистина убави, нивните жители секогаш прават нешто, ги освежуваат, смислуваат како да ги направат подобри, а тоа ќе го видите на секој чекор доколку дојдете во Осло, Берген, Трондхајм, Ставангер или на кое било друго место. Но, Норвежаните сепак се „луѓе на природата и земјата“, а еден од најпознатите Норвежани, Хенрик Ибзен, дал своевидна инструкција како најдобро да се разберат Норвежаните – неопходно е да се „разбере“ магичната, а понекогаш и суровата природа.

Фјордовите се секако еден од симболите на таа земја и најдобар начин да се запознаете што е типично и карактеристично за неа. Навистина е тешко да се опише природната убавина на тие кроеви. Стрмните карпести ѕидови паѓаат во морето, често разубавувани со водопади. Во близина можете да најдете и некои фарми кои прилично убаво и ненаметливо се вклопуваат во пејзажот. Некои од фјордовите, како што е, на пример, Geirangerfjorden, се вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО. Овој фјорд со комплицирано име се гордее и со најубавите водопади – Седумте сестри и Невестинскиот превез.
Најголемиот европски глечер – Jostedalsbreen, исто така се наоѓа во Норвешка. Контрастот на мразот и смарагд зелената вода нуди навистина незаборавно искуство.

Претходна Nossa – Mas Que Nada
Следна Таблети за контрацепција за мажи?

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!