USA, New Jersey, Jersey City, Couple having argument

Знаци кои укажуваат дека живеете во брак без љубов

Нема ништо поубаво за брачните партнери од вистинска љубов и однос во кој бескрајно сакаат и бескрајно се сакани. На почетокот на врската/бракот ве преплавуваат емоции, но со текот на времето страста се гаси и исчезнуваат пеперутките од стомакот. И тоа е нормално. Како што се развива односот со саканото лице, така се развиваат и емоциите. Врската меѓу партнерите станува сè посилна, а за долг и среќен брак треба да имате добра комуникација, меѓусебно разбирање и да правите компромиси.

Секоја врска има свои подеми и падови, но треба да правиме разлика помеѓу минлива караница и сериозни конфликти во врската. Односот без љубов не е нешто што се случува преку ноќ, има повеќе фактори кои укажуваат дека нешто сериозно се нарушило и дека можеби е време секој да тргне по својот пат.

Кои се тие знаци?

  • Постојана оддалеченост. Заради брзото темпо на живот, децата, работата и други активности, партнерите понекогаш немаат време еден за друг и почнуваат да се дистанцираат. Но, ако се чувствувате отуѓено од партнерот подолг временски период, тогаш постои можност да се измениле вашите чувства и дека сте се заситиле еден од друг.
  • Поважни ви се некои други работи. Парите се неопходни за егзистенција. Работата, стресот, обврските, се составен дел од животот, но кога тие ќе станат најважен сегмент во животот, време е да размислите за односот со вашиот партнер.
  • Лоша комуникација. Многу се карате или воопшто не комуницирате? И едното и другото се знак дека имате лоша комуникација со партнерот. Добрата работа е дека на комуникацијата може да се поработи и дека партнерите можат да најдат заеднички јазик. Комуникацијата помага бракот и врската да бидат успешни, а лошата комуникација е сигнал дека партнерите не вложиле доволно труд за да ги подобрат работите.
  • Интимните односи повеќе не се исти. Можеби сте престанале да бидете интимни со партнерот, или сè уште сте интимни, но не како порано. Оддалеченоста меѓу партнерите понекогаш значи и психичка и физичка и емотивна оддалеченост, а чистиот физички однос без емоции не е карактеристика ниту на бракот, ниту на врската. На бракот му треба љубов и љубовен однос.
  • Едноставно повеќе не ви е гајле. Апатијата и рамнодушноста се силни емоции. Ако навистина не ви е гајле што прави вашиот партнер, каде е, и ништо поврзано со него не ве радува ниту пак ве вознемирува, тоа е очигледен знак дека љубовта престанала.
  • Се труди само едниот во врската. Без разлика дали сте вие или вашиот партнер оној кој се труди и сака да ги подобри работите за да опстане врската, треба да знаете дека бракот нема да успее ако се бори само едниот партнер. Поразговарајте што навистина сакате двајцата, затоа што таму каде што има волја, има и начин.
Претходна Harley Davidson го претстави својот прв електричен мотор
Следна Озонската обвивка се опоравува

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!