Електричен автомобил кој ги полни батериите и на сонце

Старт-ап компаниите се двигатели на новите технологии низ светот. Таква компанија е и холандската Lightyear, која работи на полето на автомобили на електричен погон, а нивното првенче со назив One се смета за првиот автомобил кој како напојување ја користи сончевата енергија, притоа обезбедувајќи навистина голема автономија во возењето.

Дизајниран да ги реши проблемите поврзани со традиционалните електрични возила, како што е недостатокот на инфраструктура за полнење и „валкани” методи за производство на електрична енергија, One е опремен со соларни ќелии поставени на капакот на моторот (хаубата) и на покривот.

Соларните панели се протегаат на површина од пет квадратни метри и се покриени со сигурносно стакло, кое наводно, е доволно силно да го издржи движењето на просечна возрасeн човек преку него, без да се вдлабне или да ја наруши структурата.

Додека количината на електрична енергија што се генерира од панелите ќе се разликува, од Lightyear велат дека моделот треба да биде во можност да создаде дополнителни 50 до 70 км секој ден во текот на летото во Холандија.

Во текот на една година, компанијата вели дека автомобилот може да генерира околу 700 kWh електрична енергија, а нема дополнителни детали за моторите, освен дека One е опремен со четири електрични мотори поставени кај тркалата и релативно мала батерија.

Таквата конфигурација треба да му обезбеди радиус на возење без запирање за дополнување од  725 км во согласност со WLTP, но бидејќи возачите не можат секогаш да сметаат на сонцето, One исто така е опремен и со традиционалните приклучоци за полнење.

Од Lightyear велат дека сопствениците ќе можат да обезбедат автономија во возењето до 400 км, со полнење на возилото преку ноќ со обичен приклучок од 230 V.

Дел од причината за импресивната автономија без запирање за дополнување со енергија, е и екстремно аеродинамичната форма на One, иако во компанијата сé уште се работи на финализирање на дизајнот, но сегашниот коефициент на влечење е проценет на 0,20, а тоа е постигнато преку аеродинамичните тркала, дигиталните странични ретровизори и полублокирани отвори на задните тркала.

Автомобилот е сè уште прототип, а компанијата планира да започне со производствен модел во 2021 година. Првите 100 возила веќе се резервирани, но сè уште има 400 отворени места за резервации, по цена од 119.000 евра за еден примерок.

Претходна Влегуваме ли во “климатски апартхејд”?
Следна “Светлосна” реакција

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!