Себастијан Фетел објави дека става крај на кариерата

Еден од најдобрите Формула 1 возачи во историјата, Себастијан Фетел денеска објави дека на крајот од сезоната ја завршува кариерата.

„Имав чест да работам со многу фантастични луѓе во текот на 15 години во Формула 1, а одлуката да ја завршам кариерата беше тешка за носење. Размислував многу за тоа, но решив дека тоа е вистинскиот потег. – рече Фетел, додавајќи:

„На крајот на годината ќе размислувам за својата иднина. Јасно ми е дека како татко сакам да поминувам повеќе време со семејството“, додаде Фетел.
Фетел, кој неодамна наполни 35 години, дебитираше во Формула 1 во 2007 година, а четири пати беше светски шампион зад воланот на Ред Бул од 2010 до 2013 година.

Во досегашните 289 трки, возејќи за БМВ Заубер, Торо Росо, Ред Бул, Ферари и Астон Мартин, победи 53 пати.

Со 13 победи во 2013 година, тој е рекордер во Формула 1 по бројот на победи во една сезона, а воедно е и најмладиот Формула 1 шампион во историјата со 23 години и 134 дена.

Тој е исто така изедначен на четвртото место со Ален Прост на листата на Формула 1 возачи со најмногу трофеи. Пред него се само Хуан Мануел Фанџо (5), Михаел Шумахер (7) и Луис Хамилтон (7).

Претходна Maroon 5 – Memories
Следна Порше влегува во Формула 1 и купува 50 отсто од акциите на Ред Бул

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!