Инженерите на хрватскиот Римац го тестира прототипот C_Two на патеката Нардо

Хрватската компанија која се занимава со спортски и технолошки напредни автомобили Римац, деновиве за потребите на тестирањето на нивниот нов прототип C_Two ја користи познатата италијанска автомобилска патека Нардо.

Од Римац прикажаа неколку фотографии на кои се гледа нивниот електричен модел, прототип вооружен со милион сензори кои треба да дадат адекватна слика од тестирањата. Треба да ги покажат параметрите за аеродинамиката, управувачкиот склоп, издржливоста и многу други особености.

Римац за тестирањето ја користи инфраструктурата која е сопственост на Порше. Ултраспортскиот електрично придвижуван автомобил се очекува да биде претставен следната година, а купувачите би требало да седнат во своите автомобили во 2021 година. Сè до тогаш Римац ќе продолжи со бројните тестирање со кои треба да постигне перфектност на својот C_Two.

Од компанијата велат дека продукцискиот модел ќе има различен назив и за потсетување тоа ќе биде автомобил придвижуван од четири електромотори, кои во комбинација произведуваат повеќе од 1900 коњски сили и вртежен момент од 2299 њутн метри, што е доволно овој автомобил од 0-100 км/ч да постигне за помалку од 2 секунди.

За автономијата која според спецификацијата е околу 550 километри, задолжени се батерии со капацитет од 120 киловат часови.

Претходна Во кој дел од денот телото троши најмногу калории?
Следна Елизабет Харли плени со убавина и сексапил

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!