И Хрватска има свое „Мртво море“

Хрватското „Мртво море“ се наоѓа на островот Локрум, кој е на десет минути возење со брод од Дубровник, а всушност е солено езеро.

Соленото езеро, кое се нарекува „Мртво море“, се наоѓа на самиот исток од островот Локрум и е прилично познато место за капење создадено во поранешна ерозивна депресија на релјефот.

Како што минуваа годините, во карпите се создаде ерозивна вдлабнатина, која беше исполнета со море, а со подземен канал е поврзана со отворено море.

Во овој природен залив морето е плитко и никогаш нема бранови, што го прави совршена дестинација за семејства со деца, како и за послаби капачи.
Самиот остров Локрум е резерват на шумска вегетација под заштита на УНЕСКО и крие неверојатни природни феномени, како и интересни животински видови. Меѓу нив се издвојуваат пауни кои шетаат по целиот остров и станаа негов заштитен знак.

За овој остров се поврзува и необична легенда, дубровчани советуваат да не земаат ништо од него, ниту лист од дрво, бидејќи се што е земено од островот ќе му донесе лоша среќа на новиот сопственик.

Претходна Кинеските ракети со погон на бор ќе функционираат во воздух и вода
Следна Хиперсоничните авиони на Хермеус ќе бидат изработувани со помош на 3Д принтер

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!