Land Rover Defender во изменето издание

Германскиот тјунер Lumma Design си поигра со Land Rover Defender и направи импресивна промена.

Проектот наречен Lumma Design CLR LD има продолжени лакови на тркалата за 40 mm под кои се наоѓаат алуминиумски тркала Lumma достапни во големини од 19 до 23 инчи, а со нив доаѓаат и гуми на според спецификација на клиентот.

Тјунерот подготви нов преден спојлер, маска на ладилникот, прагови и заден браник, а сите компоненти се изработени од полиуретанска пластика, на покривот има дополнителни светла што го потенцираат „теренскиот карактер“ на возилото.

Дифендерот доби големи вшмукувачи на воздух странично, спортски издувен систем и изменета суспензија, а растојанието од земјата е поголемо за 30 мм.

Измените вклучуваат и анодизирани алуминиумски педали, подни душеци обележани со Lumma и внатрешна кожа Lumma.

Цената на модификациите сè уште не е позната.

Претходна Barrington Pheloung – Theme From ‘Inspector Morse
Следна Неколку чекори што ќе им го олеснат оргазмот на жените

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!