Мик Шумахер го напушта Хаас, на негово место доаѓа Нико Хулкенберг

Германскиот Формула 1 возач Мик Шумахер на крајот на сезоната ќе го напушти Хаас, а на негово место ќе дојде сонародникот Нико Хулкенберг.

Иднината на Шумахер е долго време под знак прашалник, а Хаас ја објави одлуката за промена на возачите во пресрет на последниот тркачки викенд од сезоната, кој се вози оваа недела во Абу Даби. Синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, го загуби местото во Хас, а во следната сезона наместо него ќе вози Нико Хулкенберг, се уште актуелниот резервен возач на Астон Мартин.

Мик минатата сезона се возеше со Русинот Никита Мазепин, а оваа сезона друштво му правеше Кевин Магнусен. Првите поени во кариерата во Ф1 ги освои во Силверстон, каде беше осми, а потоа заврши шести во Австрија.

Оттогаш нема освоено ниту еден бод, но сепак придонесе со една третина од вкупните поени на Хас. Тој беше критикуван за неколку скапи инциденти, што исто така ја отежна неговата позиција во Хаас.

Шумахер тешко ќе најде место во болидот за следната сезона. Празен е само оној во Вилијамс, но веројатно ќе му припадне на Логан Сарџент доколку заврши во првите 6 од генералниот пласман во Формула 2. Моментално е трет и е на добар пат да ги исполни критериумите.

Мик не го криеше разочарувањето од одлуката на Хаас.

“Ова ќе биде мојата последна трка за Хаас. Не сакам да го кријам фактот дека сум многу разочаран од одлуката да не го обновиме договорот. Без разлика, сакам да им се заблагодарам на Хаас и Ферари што ми ја дадоа можноста. Овие години поминавме заедно ми помогна да созреам технички и лично. Сфатив колку го сакам овој спорт, особено кога беше тешко. Имаше тешки периоди, но напредував, научив многу и сигурен сум дека заслужувам место во Формула 1. Ова не е завршена работа за мене. Страста Формула 1 се уште гори, ќе се борам да се вратам на патеката“, изјави Шумахер.

Наместо него, за Хаас следната сезона ќе вози 35-годишниот Хулкенберг, кој на тој начин целосно се враќа во Формула 1. Тој го напушти спортот во 2019 година, но повремено се враќаше и возеше пет трки како замена за Рејсинг Поинт и Астон Мартин. Годинава на две трки го замени Себастијан Фетел.

Возејќи за Вилијамс, Форс Индија, Заубер, Рено, Рејсинг Поинт и Астон Мартин учествуваше на 181 трка, а во изминатите две сезони ја играше улогата на резервен возач на Астон Мартин. Во кариерата освои 521 бод, а најдобри резултати му се четвртото место на трката и една пол-позиција.

„Многу сум среќен што се враќам во Ф1 тимот. Се чувствувам како никогаш да не сум го напуштил спортот. Возбуден сум што се враќам да го работам она што го сакам.

Имаме работа пред нас за да можеме да се натпреваруваме со други тимови на средината на гридот, едвај чекам да се приклучам на таа борба“, рече Хулкенберг.

Тој веќе во вторник по трката во Абу Даби ќе почне да работи за Хаас и ќе го вози овогодинешниот болид за тестирање на гумите на Пирели.

Претходна Топката со која Марадона го постигна голот со „Божјата рака“ беше продадена на аукција
Следна Најголемата санта мраз во светот плови кон екваторот

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!