Супербура од шеста категорија. Можна ли е?

Научниците размислуваат за воведување на шеста категорија на супербури кои во иднина најверојатно ќе се појават.
Сè почестите разорни урагани се резултат на глобалното затоплување и за сега се врзани само за тропските и суптропските предели. Во Македонија нема да ги видиме во скоро време.
Најголемата, петта категорија на супербура има ветрови кои дуваат со брзини поголеми од 250 км на час и со својата разорна моќ можат да уништуваат градови. На истокот на САД, во југоисточна Азија и северниот дел на Австралија ги нарекуваат урагани, а во Индија и Кинеското море ги нарекуваат тајфуни. За да се создадат вакви ветрови потребно е да има одредени предуслови,  и се создаваат на огромните површини на океаните најмалку 400 км од копното.
Научниците тврдат дека ураганите се сè поголеми во однос на изминатите години и дека со таа тенденција не нè очекува светла иднина.
За да се развие ураган или тајфун, површинската температура на водата на морето мора да е над 26 степени. Ветрот што дува во последните 10 километри од атмосферата мора да е во границите од 10 метри во секунда и не смее да го менува правецот. Тогаш доаѓа до размена на топлина и влажност меѓу океанот и атмосферата. Заради ротацијата на Земјата почнува и ротација на ветрот. Ако условите и понатаму останат непроменети, влагата, температурата на водата и ветерот, бурата прераснува во појак тропски циклон, односно ураган.
Во средиштето на бурата притисокот е многу низок (оклу 950 hPa), а ветерот е слаб. Додатно, температурата во јадрото е многу висока. Иако ветерот зајакнува од периферијата кон центарот на бурата, во самото јадро е многу мирно.
Во последните 20 години драстично се зголеми бројот на урагани и тајфуни, а тоа директно е поврзано со глобалното затоплување. Сепак, поради краткиот период на мерење и анализирање низ времето – околу 200 години, не може да се дадат точни податоци дали бурите слабеат или зајакнуваат.
Ако се консултираат податоците, тогаш може да се каже дека најсилна бура која е регистрирана е тропската бура од 1790 година на Малите Антили, во која според евиденцијата загинале дури 22.000 луѓе.

Претходна Бидете дигитален номад
Следна Заштита од комарците во летниот период на едноставен и природен начин

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!