Што вели Ѓоковиќ за крајот на неговата кариера?

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека се обидел најдобро да го искористи времето што не го поминал во Соединетите Американски Држави поради одбивањето да се вакцинира, каде меѓу другото го пропуштил и настапот на УС Опен.

„Јас сум личност која силно верува дека сè се случува со причина, а наше е дали ќе ја гледаме чашата полуполна или полупразна. Се трудам да бидам секогаш позитивен во животот и кога не можев да одам на Соединетите Американски Држави, се обидов да го искористам тоа време на вреден начин и бев со моето семејство и поминував време со некои луѓе кои вообичаено не можам да ги запознаам“, рече Ѓоковиќ.

Тој вели дека слободното време го користел за да може повеќе време да работи на некои технички и тактички детали.

„Кога станува збор за тенисот, добив повеќе време да поработам на некои детали поврзани со играта, технички и тактички. Морам да кажам дека не се чувствував многу удобно кога тренирав и ги вежбав, за на крајот да не ги добијам добрите вести за заминувањето во САД. Морав постојано да ја прилагодувам програмата за тренинзи и многу е важно спортистот точно да знае кога тренира и кога закрепнува. Сепак, го искористив времето на вистински начин.” вели Ѓоковиќ.

Тој особено го подвлече фактот дека се уште не размислува за крај на кариерата и дека ќе игра се додека телото му служи и чувствува дека може да се натпреварува со помладите тенисери.

„Во оваа фаза од мојата кариера не сакам да трчам од турнир на турнир, туку да се концентрирам на најважното. Сакам да го зачувам моето тело и да имам долга кариера, не ги имам предвид годините без разлика дали се работи за уште една или десет години. Што и да е… Телото ме служи и не го гледам крајот на мојата кариера на хоризонтот. Сакам да продолжам додека се чувствувам добро и додека можам да се натпреварувам со помлади играчи , да бидам еден од кандидатите за грен слем титули“, заклучи српскиот тенисер.

Претходна Златан Ибрахимовиќ глуми во продолжението на „Астерикс и Обеликс“
Следна Мерцедес создаде автомобилски „ѕвер“ во чест на Роџер Федерер

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!