Китови убијци снимени како ловат големи бели ајкули

Научниците објавија докази кои потврдуваат дека орките ловат големи бели ајкули.

Ова е видео кое е снимено со дрон, на кое се гледа како орките убиваат еден од најголемите морски предатори.

Јато на китови убијци е снимено во едночасовна потера по големите бели ајкули во близина на заливот Мосел, пристанишен град во јужната провинција Вестерн Кејп. Потерата беше снимена со дрон и од хеликоптер, а научниците се огласија оваа недела.

„Никогаш досега не сме виделе вакво однесување, и дефинитивно не од воздух“, вели Алисон Таунер, експерт за ајкули од Академијата за поморска динамика во Гансбаи, Јужна Африка, која е и главен автор на студијата.

Еден клип е снимен во мај и прикажува пет орки како ловат и убиваат голема бела ајкула. Научниците веруваат дека за време на ловот биле убиени уште три ајкули.

„Китовите убијци се многу интелигентни и социјални животни. Методите на лов на нивната група ги прават многу ефикасни предатори“, вели Сајмон Елвен, експерт за морски цицачи и коавтор на студијата.

Орките се познати предатори кои ловат на различни видови ајкули, но доказите за напади врз големите белци претходно беа ограничени. Истражувањето не откри причина за ваквото однесување.

Еден од китовите е веќе познат по тоа што лови големи бели аикуси, но другите четири не се. Научниците веруваат дека оваа практика се шири бидејќи орките можат да учат едни од други.

По нападот, ајкулите исчезнале од оваа локација, само една е видена во следните 45 дена. Авторите на истражувањето сметаат дека тоа потврдува дека побегнале и дека нивното однесување би можело да има пошироки импликации.

Во претходните случаи, беше откриено дека ајкулите ги напуштаат своите поранешни клучни живеалишта, со последици по екосистемот и туризмот поврзан со ајкулите.

Претходна Менхарт го нуди Tesla Model 3
Следна Проблеми со пријателите

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!