Десет занимливости кои не сте ги знаеле за Ирска

Ирска е европска држава, која заради восхитувачката убавина ја нарекуваат смарагден остров.
Ви претставуваме десет помалку познати факти за оваа прекрасна земја.

  1. Даблин се гордее со фактот дека има еден паб на секои 100 жители на овој ирски главен град. Најстариот ирски паб – Шоновиот бар – се наоѓа во градот Алтон, а се верува дека потекнува од 900-та година.
  2. Просечниот Ирец секоја година пие 95 литри пиво, што ја сместува Ирска на шестото место за најголеми консументи на пиво. Повеќе пиво се пие во Чешка, Германија, Австрија, Естонија и Полска.
  3. Мај, во просек, е најсувиот месец во годината. Ова е корисен податок за оние кои планираат да ја посетат оваа преубава земја.
  4. Ирците, по пензионирањето, најчесто одат на Канарските Острови.
  5. Ирска има најмал број на пријавени забележувања на неидентификувани летечки објекти (НЛО) на небото, од сите европски земји.
  6. Белата куќа во Вашингтон ја дизајнирал ирскиот архитект Џејмс Хобан, кој потекнува од местото Калан во областа Килкенија, а во САД емигрирал по завршувањето на американската војна за независност.
  7. Ирска, во 2001 година, била првата земја во светот која вовела данок на пластичните ќеси кои се набавуваат во продавницте и во супермаркетите.
  8. Маканагедердохолија (Muckanaghederdauhaulia) е крајбрежно гратче во грофовијата Галвеј, кое ја носи титулата за место со најдолго име во Ирска.
  9. Дришин е ирско национално јадење. Станува збор за крвавица која се прави од свинско месо, кравја, овча и свинска крв, леб, овесни снегулки и маснотија.
  10. Поимот “бојкот” доаѓа од капетанот Џејмс Бојкот. Прв пат официјално е употребен во статија на списанието Интер-оушн, на 12 октомври 1880 година.
Претходна McLaren F1 LM на аукција продаден за неверојатни 19,8 милиони долари
Следна Што значи да се биде пансексуалец и во што се разликува од бисексуалец

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!