Моментот на лудило на најскапото засилување на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул и Кристал Палас ги поделија бодовите на „Енфилд“ во второто коло од Премиершип играјќи нерешено 1:1, а натпреварот го одбележа црвениот картон за најскапото засилување на „црвените“, Дарвин Нуњез.

Голем проблем за Ливерпул настана во 57. минута кога испровоцираниот Нуњез намерно со глава го удри противникот Јоаким Андерсен кој го турна одзади, поради што доби директен црвен картон и го остави својот тим на цедило.
Иако Црвените, кои губеа во тој момент, успеаа да израмнат, до крајот на натпреварот не можеа да победат со играч помалку и по две кола заостануваат четири бода зад Манчестер Сити.

Тренерот на Ливерпул по натпреварот го критикуваше најскапиот играч на „црвените“ во историјата посочувајќи дека не треба така да се однесува.

Да потсетиме, Нуњез беше донесен од Бенфика во трансфер вреден 75 милиони евра плус 25 милиони бонуси.

Во следното коло Ливерпул ќе гостува кај Манчестер Јунајтед, додека Кристал Палас ја пречекува Астон Вила.

https://twitter.com/LaVARDuFoot/status/1559273229449052166?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1559273229449052166%7Ctwgr%5E48abfb1b5bfff938e7fe80b121eb86b5aa381706%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Fpogledajte-trenutak-ludila-najskupljeg-pojacanja-liverpoola-protivnika-je-udario-glavom%2F220816006
Претходна Мазурските езера – зелените бели дробови на Полска
Следна Форд презентираше светла кои проектираат знаци на патот

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!