Гвардиола во паника

Пеп Гвардиола се обидуваше да го доведе дефанзивецот на Брајтон, Марко Кукурела во Манчестер Сити во текот на целиот преоден рок, но таа зделка пропадна и сега шпанскиот тренер се најде во голем проблем.

Гвардиола сметаше дека нема да има проблем да го доведе својот сонародник од Брајтон, па лесно го пушти Олександр Зинченко да оди во Арсенал.

Но, договорот со Кукурела пропадна поради нереалните барања на Брајтон. Како што пишува угледниот The Athletic, Брајтон за левиот бек барал дури 60 милиони евра, што за Гвардиола било неприфатливо.

Гвардиола така се најде во паника бидејќи до почетокот на првенството останаа само уште осум дена, а реши да го донесе Борна Соса од Штутгарт.

Хрватскиот репрезентативец би требало да биде многу поевтина опција, а се претпоставува дека Штутгарт за него би можел да бара околу 25 милиони евра.

Соса е играч со еден од најдобрите странични нафрлувања во светот, а би можел да се вклопи во тимот на Гвардиола, особено кога се знае дека на другата страна од неговите нафрлувања би бил Ерлинг Халанд.

Претходна Електричните „летечки“ чамци можат да ја спасат Венеција
Следна Mercedes-Benz 6.0 AMG Hammer Coupe

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!