Живеете заедно, а спиете во одвоени кревети

Кога живеете со партнерот заедно, логично е да делите сè, вклучувајќи го и креветот. И додека навечер потонувате во прегратките на партнерот, препуштени на галењето и бакнежите, воопшто и не размислувате дали е добро да спиете во различни кревети.

Врската ќе ви биде постабилна и поздрава доколку спиете во одвоени кревети со партнерот. Ова го покажало истражувањето што го спровеле на Универзитетот Рајрстон во Торонто.

Тие утврдиле дека 30-40% од паровите спијат во одвоени кревети и имаат поздрава и постабилна врска. Така имаат и повеќе време за себе, за лежење во тишина и занимавање со активности кои се однесуваат на нив самите, без да бидат попречувани во тоа и без некому да пречат.

Исто така, спиењето во посебни кревети го подобрува и квалитетот на сонот, а со тоа и расположението. Луѓето кои спиеле помалку од седум часа и немале доволно квалитетен сон се мрзоволни, нервозни и нерасположени, и како резултат на тоа – почесто се караат со партнерот.

Претходна Топ 3 групи на производи за топење на масни наслаги
Следна Пет причини поради кои сте уморни, а на кои веројатно не би помислиле

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!