Во Истанбул јавниот превоз може да се плати со пластични шишиња

Во Истанбул стартуваше пилот проект во кој јавниот превоз може да се плати со рециклирање на пластични шишиња.
Постапката фунционира на тој начин што во специјализирани автомати за собирање на пластична амбалажа ги уфрлате шишињата и со тоа се генерира износ кој се префрла на електронската картичка за превоз на корисникот.
Автоматите се поставени на 25 локации низ Истанбул, а градските власти имаат план да до крајот на годината да пуштат во употреба 100 такви апарати.
Возењето со метрото во Истанбул чини 2,60 лири, а за едно пластично шише апаратот плаќа 0,03 лири. Потребни се 87 шишиња за едно возење со метрото.
Проектот има за цел подигање на свеста кај граѓаните дека рециклирањето на пластиката е од исклучителна важност, со оглед на тоа дека Турција продуцира 31 милиони тони на отпад годишно од кој само 11% се рециклира.

Претходна Според експертите, луѓето постари од 40 години не би требало да работат повеќе од 3 дена во неделата
Следна Најголемите железнички системи изградени во 2018 година

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!