Владе Дивац се придружи на елитата во Куќата на славните на НБА

Славниот Владе Дивац се придружи на легендите во Куќата на славните на НБA, објави познатиот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Информацијата ја пренесе преку Твитер, каде што напиша:

“Владе Дивац е избран за влез во Куќата на славните. Тој е еден од седумтемина кошаркари на НБА со 13.000 постигнати поени, 9.000 скокови, 3.000 асистенции и 1.500 блокади”.

Дивац е вториот Српски кошаркар во Куќата на славните на НБА заедно со Дражен Далипагиќ и петти кошаркар од регионот заедно со Дражен Петровиќ, Крешимир Ќосиќ и Дино Раѓа.

Во моментов, Владе Дивац е генерален менаџер на Сакрамето Кингс, а во својата кариера играше за Слога, Партизан, Лејкерси, Сакраменто Кингс, Црвена Ѕвезда и Шарлот Хорнетс.

Претходна Листа на најмоќни мобилни телефони според AnTuTu
Следна Сите актери од мегасеријата Game of thrones во свечена облека

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!