Робот изработен со помош на 3Д принтер научи да лизга

Робот што е изработен во целост од модуларни делови испринтани на 3Д принтер, сам научи да лизга со лизгалки.
“Се обидуваме да развиеме алатки што ќе им овозможат на роботите да извршуваат различни корисни задачи. Затоа мора да научат да се движат на најразлични терени. Истите техники би се користеле за сите типови на роботи. Сакам да видам иднина во која роботите ќе ни помагаат и ќе ги зголемуваат нашите можности. Постојат задачи што се тешки или невозможни за луѓето и се надевам дека во тие ситуации роботите ќе можат да ни помагаат”, изјави швајцарскиот научник Стелан Корос.
Со користење на модуларни делови создадени со помош на 3Д принтер, роботот може да научи да се движи на најразлични терени. Исто така, може да користи различен број нозе или начин на движење. Научниците се надеваат дека овие роботи би се користеле за пребарување и спасување, достава, помош на луѓе.

Претходна Фејсбук го исполни ветувањето и ја овозможи функцијата за повлекување на веќе пратени пораки
Следна Шкода официјално ја покажа внатрешноста на новиот Kamiq

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!