Со трансферот на Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, навивачите ширум светот останаа без директните лигашки дуели на магионичарот на Барцелона Лионел Меси и ѕвездата на Реал Мадрид.
Но, Роналдо во интервју за италијанскиот спортски весник Gazzeta dello Sport изјавува дека ги започнал неговите предизвици и дека го чека Меси во Италија да го направи истото.
Исто така, во интервјуто Роналдо вели дека секаде каде што играл тој постигнувал голови и мисли дека тој повеќе му недостасува на Меси околку обратно.
“Многу го почитувам и мислам дека е одличен играч и добро момче. Сепак, се расте преку нови предизвици, а јас мојот го најдов во Италија. Тука сум ако реши да заплови во неговиот нов предизвик”, изјави Роналдо.
Португалецот ги спореди Јувентус и Реал Мадрид и ја објасни најголемата разлика помеѓу двата клуба:
“Овде сите сме како семејство. Ако Дибала или Манџукиќ не постигнат гол, сеедно е, сите се весели, мило им е што некој постигнал гол, поединците не се сами по себе важни туку тимот”, вели Роналдо.