Трчањето може да ви го продолжи животот и до шест години

Само еден час трчање неделно може да ви го продолжи животот и до шест години, тврдат научниците.

Уште подобра вест е дека лесното џогирање е подобро за здравјето отколку кој било напoрен тренинг, како што покажало истражување спроведено во Данска, кое опфатило 20 000 мажи и жени на возраст од 20 до 93 години.

Истражувачите откриле дека трчање со бавно темпо еден или два часа неделно го зголемува животниот век на мажите за 6,2 години, а на жените за 5,6 години, со што се намалува ризикот од смрт за 44%.

Овие резултати ги оспоруваат претходните студии чии автори не можеле со сигурност да утврдат дали трчањето е здраво или опасно, односно оние студии кои укажувале дека џогирањето е премногу напорно за средовечните луѓе.

Врз основа на овие резултати, данските истражувачи веруваат дека трчањето овозможува многу предности за здравјето: го подобрува снабдувањето на организмот со кислород, го намалува крвниот притисок, спречува дебелеење, го подобрува функционирањето на срцето и го подобрува психолошкото функционирање.

“Поголемата психолошка добросостојба може да се должи на фактот дека луѓето имаат повеќе социјални интеракции кога трчаат надвор”, вели доктор Петер Шнор од Универзитетската болница во Биспебјерг, Копенхаген.

Претходна По која патека “вози” Себастијан Фетел
Следна Убавините на Бора Бора

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!