Се подготвува ли мегатрансфер од Камп Ноу

Уругваецот Луис Суарез би можел од јануари да ја напушти Барцелона и на негово место да дојде капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, пренесуваат шпанските медиуми.

Барцелона за англискиот напаѓач би можела да плати дури 200 милиони евра доколку се договорат за доаѓање на Камп Ноу.

Во круговите на Барцелона се вели дека Уругваецот веќе има 32 години и повредите почнаа да го стигнуваат, па Каталонците се со намера да го заменат за 7 години помладиот Кејн.

Кога станува збор за Суарез, тој во Барцелона пристигна во 2014 година од Ливерпул и за него платија 82 милиони евра. Во дресот на Каталонците одигра 217 натпревари и постигна 162 голови.

Кејн пак, својата сениорска кариера ја започна во Тотенхем, има одиграно 298 натпревари и постигнато 169 голови.

Претходна Роналдо му фрли ракавица на Меси
Следна Според експертите, луѓето постари од 40 години не би требало да работат повеќе од 3 дена во неделата

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!