McLaren 765LT Spider развива 855 КС благодарение на Novitec

McLaren 765LT Spider е брз и повеќе од доволен за повеќето, но Novitec очигледно не мисли така.

Познато е дека 765LT Spider е придвижуван од 4,0-литарски твин-турбо V8 мотор кој развива 755 КС и му овозможува да забрзува од 0 до 100 km/h за 2,8 секунди и до 200 km/h за 7 секунди пред да достигне максимална брзина од 330 km/h.

Меѓутоа, во Novitec извлекоа уште поголема моќ од овој мотор, така што сега испорачува 855 КС и 898 Nm вртежен момент.

Овие подобрувања се резултат на N-Tronic plug-and-play модулот на Novitec, кој е достапен во три нивоа. Модулот се приклучува директно во ECU и содржи Novitec мапи за контрола на притисокот на вбризгување, палење и турбополнач.

За да се „ослободат“ сите 855 КС, инсталиран е термички изолиран издувен систем Novitec Race со високи перформанси, како и влезните цевки на турбополначот обложени со керамика.

Споменатите подобрувања имаа значително влијание врз перформансите така што McLaren 365LT Spider сега достигнува „100“ за 2,5 секунди, а 200 km/h за само 6,7 секунди. Максималната брзина е зголемена на повеќе од 331 km/h.

Споменатиот издувен систем звучи поспортски и има ефект на подобрување на перформансите, а благодарение на топлинската изолација, моторниот простор е поладен. Контролата на топлината може дополнително да се подобри со позлата. Крајните цевки на издувниот систем изгледаат различно и се достапни во различни верзии со или без јаглерод и со златен слој.

Novitec подготви некои карбонски детали, како и бандажи на Vossen достапни во 72 бои со полиран или брусен финиш. Автомобилот на фотографиите има 20-инчни предни и 21-инчни задни бандажи. Благодарение на спортските пружини Novitec, McLaren е дополнително спуштен.

Алкантара е стандардна во внатрешноста, а палетата на бои е огромна.

Претходна Зошто ве боли јазикот кога јадете свеж ананас
Следна Научниците пронајдоа црна дупка различна од било која досега пронајдена

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!