Актерката Брук Шилдс позираше во костим за капење и нагласи дека жените над 50 години не се за фрлање

Познатата актерка Брук Шилдс, која се прослави со филмот „Сина лагуна“, позираше во костим за капење и покажа дека на 55-годишна возраст има тело на кое може да и се завидува.

Таа рече дека порано носела едноделни костими за капење што покриваат што е можно повеќе, се додека нејзините ќерки не и рекле дека е смешно бидејќи нејзиното време сè уште не поминало.

Таа призна дека и требало храброст и самодоверба да го покаже своето тело во костим за капење откако наполни 50 години.

“Жените во педесеттите години не се фрлање. Јас сфатив благодарение на моите ќерки. “, рече Брук. .

Таа додава дека не размислувала за своето тело додека растела. За време на нејзината манекенска кариера, таа беше на насловните страни на многу магазини, а потоа и беше важно лицето да и биде совршено, а телото да и е во втор план. Но, сега таа ја сака својата фигура и не се двоуми да ја покаже на социјалните мрежи.

“Никогаш не сум била слаба. Отсекогаш сум бил спортски тип, што значи дека не се вклпопувам со стандардниот примерок на модел. Вежбав секој ден ова лето. Некако ја заработив мојата самодоверба”, рече Брук.

Претходна Нетфликс го откупи новиот каубојски филм на Идрис Елба и кој ќе се прикажува следната година
Следна Како знаете дека некој флертува со вас?

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!