Суперјахтата Esquel претставена на саемот во Дубаи

Холандската компанија Oceanico на Саемот на наутика во Дубаи ја претстави својата суперјахта Esquel.

Станува збор за пловило долго 105 метри опремено со дизел-електричен погон, кое своето име го добило по метеорит. Изгледот на Esquel наликува на јахтите од филмовите со Џемс Бонд.

“Ова е совршен спој на експедициско пловило и суперјахта. Esquel го нуди најдоброто од двата света”, изјавија од Oceanico.

Автономијата на Esquel е 7000 наутички милји, што значи дека може да помине третина од светот пред да има потреба од влегување во пристаниште.

Оваа суперјахта е опремена со моторни санки, офроуд возила, нуркачка опрема, водени скутери, хеликоптер и две подморници. Дел од главната палуба е и затворен базен.

Се нагласува дека јахтата служи не само за забава, туку многу лесно може да се претвори во истражувачко пловило.

Цената на Esquel сè уште не е позната.

Претходна AI:ME е новиот концепт на градски електричен автомобил од Ауди
Следна Добредојдовте во светот на “Madame X”

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!