Пронајдена и реставрирана легендарната Lancia Aurelia B20GT

Експертите за реставрација од Торнли Келам неодамна го завршија реставрирањето на еден од најпознатите автомобили на Ланчија, тркачкиот Aurelia B20GT.

Одамна се веруваше дека автомобилот бил изгубен засекогаш, но сепак бил пронајден во магацин во Саутенд. Пронајден од ко-основачот на истоимената компанија Симон Торнли. Автомобилот првично беше купен во 1951 година од Џовани Бруко, кој исто така беше богат приватник и соработник на Џани Ланчија.

Три месеци по купувањето, автомобилот заврши на второто место во легендарниот Миле Миља, победи на ноќната трка во Каракала, а исто така ја освои својата класа во 24 часа на Ле Манс. Победи и на 6 часовната трка Пескара.

Подоцна, автомобилот беше изменет, покривот бил спуштен како резултат на аеродинамиката, а првата трка после тоа била Карера Панамерикана во 1951 година. После добариот почеток, четвртиот ден доживеал несреќа. Една година подоцна, автомобилот се вратил на патеката и завршил на деветтото место. Тоа била последната документирана трка на овој автомобил.

Како и да е, Aurelia B20GT била пронајдена во САД и била транспортирана во Италија каде повторно и се губи трагата, но подоцна билае пронајдена во магацин во Англија.

Автомобилот е драстично променет, вклучувајќи го задниот прозорец, поклопецот и внатрешноста на багажникот. Сите овие промени беа отстранети за време на реставрацијата, а автомобилот бил вратен во првобитната состојба благодарение на 3Д скенирањата и увидот во старите калапи од фиберглас.

Што се однесува до каросеријата, за најдобрата автентикација се користени фотографијии за да одговара на изгледот на верзијата од Панамерикана.

Реставрацијата траела повеќе од три години и потрошени биле над 4.000 часа.

Претходна Хуманоста на Новак Ѓоковиќ повторно во преден план
Следна Mi 10 на Xiaomi – светски лидер на паметни телефони во 5G ерата

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!