Ferrari LaFerrari руши рекорди на германски автопат

На YouTube е објавено видео на кое се гледа како Ферари Ла Ферари на германскиот автопат достигнува брзина од 327 км на час.

Кога се појави пред седум години, Ла Ферари беше првиот хипер-автомобил на Ферари со благ хибриден погон. Се напојува со 6,3-литарски V12 мотор кој развива 789 КС, а со помош на благ хибриден систем, комбинираната моќност е 950 КС.

Целата оваа моќ и овозможува на италијанската ракета да забрза од 0 до 100 км на час за помалку од три секунди, а видеото објавено на YouTube покажува што може да направи на дел од германскиот автопат без ограничувања на брзината.

Забрзувањето на Ла Ферари е неверојатно, а во еден момент автомобилот достигна брзина од 372 км на час во 7-та брзина.

Ферари го заврши производството на „Ла Ферари“ во 2016 година кога започна со производство на „без кров“ Ферари Ла Ферари Аперта, кој имаше неколку подобрувања во однос на стандардниот Ла Ферари, но го задржа својот познат облик и дизајн.

И двата модела започнаа нова ера која донесе комбинација на конвенционални мотори и батерии, така што денес го имаме Ferrari SF90 Stradale, плагин хибрид Ферари кој до 100 доаѓа за 2,5 секунди.

Претходна Candy Dulfer & David A. Stewart – Lily Was Here
Следна Кинезите како да не се во криза и започнуват со изградба на најголемиот фудбаслки стадион

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!