Кинезите како да не се во криза и започнуват со изградба на најголемиот фудбаслки стадион

Пандемијата на корона вирусот ја потресе Кина, но една од најсилните економии во светот закрепнува брзо. Вухан се врати на нозе, а не е лошо ниту во Гуангжу, барем ако се верува во најновите вести. Имено, прволигашот и кинески шампион Евергранде Таобао почнува да гради нов стадион, еден од најголемиот фудбалски стадион во светот.

Според кинеските медиуми, првиот човек на клубот Хуи Ка-Јан учествувал во дизајнирањето на стадионот, кој треба да има изглед на цвет. Стадионот треба да има околу 100.000 места, со што се надмина прекрасниот Камп Ноу на Барселона. Стадионот Евергранде би станал четвртиот по големина спортски стадион во светот. Изградбата ќе трае од две до три години и се проценува дека ќе чини над една и пол милијарди евра.

Инаку, Евергранде има големи планови и на клупскиот план. Тие редовно го освојуваат домашното првенство и сакаат да направат чекор напред во азиската Лига на шампиони. Најголемите sвезди на клубот се Талиска и Паулињо и нивниот сонародник Елкесон, кој сега настапува за кинеската фудбалска репрезентација.

Претходна Ferrari LaFerrari руши рекорди на германски автопат
Следна Моделот Емили Ратајковски позираше дома во топлес издание

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!