BMW 3.0 CSL: Бетмобил за 21 век

Потсетувањето на BMW за легендарниот модел 3.0 CSL Batmobile од 1970-тите со себе носи мануелен менувач и најмоќниот мотор со шест цилиндри што ја „потпишува“ М дивизијата.

Неодамна претставениот BMW M4 CSL не беше долго време најмоќниот модел од познатиот М департман придвижуван од мотор со шест цилиндри, бидејќи споменатиот оддел во чест на овогодинешната прослава на својот 50-ти роденден (покрај првиот караван М3 , M4 CSL и новиот M2) го претставија и долгоочекуваниот модел 3.0 CSL, кој беше најавен пред седум години со атрактивниот концепт 3.0 CSL Hommage.

Потсетувањето на BMW за легендарниот модел 3.0 CSL (E9), чие тркачко издание (наречен Batmobile) во седумдесеттите години на 20 век пламна и гореше на тркачките патеки ширум светот, се базира на верзијата M4 CSL, а Баварците ќе ја нарекуваат „најексклузивниот модел М до сега“ да се нуди во само 50 примероци.

Зад продолженото атрактивно тело во препознатливите бои на М дивизијата и со неколку детали кои потсетуваат на оригиналниот тркачки 3.0 CSL (Competition Sport Lightweight) се крие трилитарски во линија 6-цилиндричен битурбо мотор, кој во ова издание развива 560 коњски сили и 550 Nm максимален вртежен момент, што е за 100 Nm помалку од вредноста на највисокиот вртежен момент во моделот M4 CSL, бидејќи „шестката“ во 3.0 CSL е комбинирана со мануелен менувач со 6 степени за кој (според одделот М) 650 Nm би биле премногу.

Целата сила оди само на задната оска, а покрај специјалните зајакнати бандажи од 20 и 21 инчи со централно прицврстување на навртките, стандардната опрема на CSL вклучува карбонско-керамички сопирачки, диференцијал М, адаптивна суспензија М, карбонски предни седишта, ласер светла… Интересна е и белата глава на менувачот.

BMW во рок од три месеци ќе направи само 50 нумерирани примероци од 3.0 CSL, а неофицијално се споменува дека Batmobile за 21 век ќе чини околу 750.000 евра.

Претходна Прекумерното консумирање на одредени пијалоци го зголемува ризикот од срцев удар
Следна Светскиот шампионат во рели и следната година доаѓа во Хрватска

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!