Abarth го претстави електричниот 500e: До „стотка“ за седум секунди

Abarth неодамна ја претстави својата верзија на 500 од 2023 година, а сега пристигна и електричниот 500e.

Abarth 500e е базиран на најновата верзија на популарниот италијански модел, што значи дека нема мотор со внатрешно согорување, наместо тоа предните тркала ги придвижува електричен мотор. Покрај тоа, 500e на Abarth е помоќен од стандардниот модел на Fiat.

Електричниот Fiat 500 развива 117 КС и 220 Nm вртежен момент, додека верзијата Abarth испорачува 155 КС и 235 Nm. Дополнителни 38 КС и 15 Nm можеби не се огромен скок, но електричниот хечбек забрзува од 0 до 100 km/h за 7 секунди или 2 секунди пред стандардниот електричен модел.

Abarth исто така направи тестови за да види колку е побрз електричниот хечбек од моделот 695 со 1,4-литарски турбо бензинец и беше откриено дека тој достигнува 20 до 40 km/h секунда порано. Споредбата на патеката Misto Alfa Romeo покажа дека електричниот модел е побрз од Abarth 695 за секунда.

Моќниот 500e има поголема батерија со капацитет од 42 kWh која поддржува полнење до 85 kW. Полнењето од пет минути е доволно за патување 40 километри, додека батеријата ќе се полни до 80 отсто капацитет за 35 минути полнење.

Максимално опремената прва верзија на Scorpionissima е ограничена на 1.949 примероци и ја означува годината на основањето на Abarch. Достапно во кисело зелена и отровна сина боја, и двете во комбинација со странична графика. Автомобилот е опремен со ексклузивни алуминиумски тркала од 18 инчи и е опремен со низа детали, вклучувајќи фиксиран стаклен покрив, затемнети задни стакла, спортски педали и челични прагови на вратите.

Спортските седишта со изразени странични потпирачи имаат функција за греење и се покриени со алкантара. Седиштата имаат интегрирани потпирачи за глава украсени со модернизирано лого на Abarth со ласерско пресекување во кисела зелена боја. Логото е и на воланот.

Десно од 7-инчниот дигитален кластер е 10,25-инчен екран на допир со безжични Apple CarPlay и Android Auto системи.

Abarth 500e доби автоматски фарови и бришачи, систем за влез без клуч, безжичен полнач за мобилен телефон, 360 камера, JBL систем за звук и автоматска климатизација. Генераторот на звук создава лажен звук на бензински мотор, но може да се исклучи.

Треба да се каже дека Abarth 500e е достапен и како кабриолет со црн мек покрив.

Претходна Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн
Следна „Најстарите бебиња“ во светот се родени од ембриони замрзнати пред 30 години

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!