Данската фудбалска репрезентација се соочува со проблеми

Тотален распад на системот во угледната Данска фудбалска репрезентација која пред само два месеци покажа неверојатен квалитет. Данците го допреа дното.

Наместо Данските репрезентативци, во Словачка одлетаа само Данските новинари.

За два дена би требало да играат пријателски натпревар со Словачката репрезентација. Меѓутоа, во авионот што полета од Копенхаген кон Трнава беа само Данските новинари. На аеродромот не се појави никој од репрезентативците, кои се во голема расправија со сојузот околу комерцијалните права.

Селекторот Аге Хераиде, кој за овие два натпревари ги повика најдобрите играчи, огорчен замина на “одмор”. Данска остана и без играчи и без селектор 48 часа пред договорените пријателски натпревари и на само шест дена пред гостувањето во Велс, првиот натпревар од натпреварувањето во Лига на нациите.

Проблемот е во конфликтот помеѓу спонзорот на Данската фудбалска репрезентација и спонзорот на најдобриот и комерцијално најатрактивниот фудбалер Кристиан Ериксен.

Војна меѓу спонзорите доведе до хаос во Данската репрезентација. Секој сака неговиот спонзор да биде примарен.

Резултат на овој спор е тоа дека Данска нема репрезентација, а сојузот бара начин некако да го преброди со покани до играчи од прва и втора лига што сакаат да играат за репрезентацијата.

“Се надевам дека многу Дански фудбалери сакаат да ѝ помогнат на репрезентацијата во овој тежок момент, а со тоа да ја избегнеме и казната на УЕФА”, објаснува во писмото директорот на сојузот Ким Халберг.

Претходна Ќе се укинe ли зимското и летното сметање на времето
Следна Две нови појачувања во Вардар пред дуелот со Железничар

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!