Xiaomi ќе гради фабрика и ќе произведува електрични автомобили

Кинеската компанија Xiaomi има намера да произведува електрични автомобили, а тоа ќе го прави во сопствена фабрика, која ќе ја гради во наредниот период.

Медиумите во Кина известуваат дека е завршена инженерската фаза на првиот електричен автомобил на Xiaomi, дека софтверската интеграција на возилото напредува брзо и ќе биде завршена до средината на октомври. Следниот чекор за компанијата е да започне со планирање на производството.

Добро упатени извори тврдат дека Xiaomi нема да ја купи постоечката фабрика на BAIC Group како што претходно се шпекулираше ниту ќе работи со OEM производители, туку дека е донесена одлука за изградба на сопствена фабрика.

Xiaomi е нов играч во автомобилската индустрија, своите планови за производство на електричен автомобил ги објави во март 2021 година, а реализацијата на тие планови се очекува во 2024 година, односно за нешто повеќе од една година. Дали за тоа време ќе успеат да изградат фабрика, останува да видиме.

Компанијата планира да инвестира 10 милијарди долари во овој проект во следните десет години, така што има буџет да ја изгради фабриката и тоа не е проблем. Минатата година беше потпишан договор за изградба на седиште и центар за истражување и развој за автомобилскиот бизнис во Јижуанг, кој ќе вклучува и фабрика.

Откако ќе биде целосно оперативна, фабриката ќе произведува 300.000 возила годишно. Фабриката ќе се гради во две фази, по првата ќе произведува 150.000 автомобили годишно, додека втората фаза ќе следи нешто подоцна. Целта на Xiaomi е да започне со продажба на својот прв електричен автомобил на клиентите во 2024 година.

Претходна Мистериозен нуклеарен реактор од Кина може да напојува десет вселенски станици
Следна Верстапен стигна до својата четврта победа во низа

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!