Данска е новиот светски првак во ракомет

Вечерва на домашен терен Данска ја совлада Норвешка со убедлив резултат од 31:22, и со тоа го освои првото место на СП во ракомет.

Ако се исклучи почетокот на натпреварот кога Норвешка имаше предност, може да се каже дека ракометарите на Данска доминираа на теренот.

Домаќините одиграа натпревар за пример и пофалба. Беа брзи во нападите и прецизни во шутевите. Со секоја помината минута разликата се зголемуваше, а на полувреме заминаа со резултат 18:11.

И во второто полувреме Норвешка беше немоќна да се одбрани од нападите на данскиот тим. Во корист на домаќините беа и навивачите на трибините кои лавовски ја бодреа својата репрезентацција.

Со освојувањето на првото место Данска оствари директен пласман за Олимписките игри во Токио што ќе се одржат во 2022 година.

Претходна Aston Martin Vakyrie, ултимативно тркачко возило за автопат
Следна SpaceX го подготвува леталото Crew Dragon за полетување во вселената

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!