Мерцедес создаде автомобилски „ѕвер“ во чест на Роџер Федерер

Мерцедес, кој отсекогаш бил еден од марките поврзани со Роџер Федерер, реши да го почести швајцарскиот маестро со посебен модел кој ја симболизира неговата величествена кариера.

Жолт како тенискотопче, AMG GT модел со четири врати е создаден посебно во чест на пензионирањето на Федерер. AMG GT ќе го има и RF логото на Федерер, а овој хибрид има 4.0-литарски твин-турбо V-8 со електричен мотор на задната оска со фантастични 831 коњски сили.

Следната година во САД ќе пристигне plug-in хибриден модел, а овој модел од 0-100 km/h забрзува за четири секунди, со електронски ограничена максимална брзина од 304 km/h.

Потрошувачката и емисијата на штетни гасови се 9,3 l/100 km што е 216 g/km CO2 за верзијата GT и 9,4 l/100 km што е 219 g/km CO2 за верзијата GT-S.

Да потсетиме, Роџер Федерер во својот последен меч во кариерата не успеа да оствари победа во пар со Рафаел Надал. Американците Џек Сок и Френсис Тиафо победија со 2:1 во сетови (4:6, 7:6 (2), 11:9) на Лејвер купот, а по мечот Швајцарецот плачеше и не можеше да ги сокрие емоциите откако се прости од Тенис.

Претходна Што вели Ѓоковиќ за крајот на неговата кариера?
Следна Хонда бара работниците да вратат дел од парите

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!