Кинеската лунарна сонда Chang'e 4 слета на Месечината и ја испрати првата фотографија

Како што јавуваат кинеските државни медиуми, кинеското вселенско летало Chang’e 4 успешно слета на далечната страна на Месечината. Станува збор за првата ваква мисија во историјата и заради тоа претставува огромен чекор во истражувањето на вселената.
Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) на 7 декември минатата година го лансираше Chang’e 4 роверот со ракета Long March-4C од лансирниот комплекс Xichang во југозападна Кина.
Роверот го допре јужниот пол на Месечината во 2 часот и 26 минути по Гринич, а веднаш по слетувањето сe објавени и првите фотографии од слетувањето и потоа. Целта на оваа мисија е детално мерење на теренот и истражување на минералниот состав на Месечината. На таканаречената темна страна на Месечината се наоѓаат неспоредливо повеќе кратери, а научниците сè уште не можат да сфатат зашто е тоа така и се надеваат дека Chang’e 4 може да даде одговор на тоа прашање.
Инаку, темната страна на Месечината всушност не е темна, осветлена е исто како и страната која ја гледаме од Земјата, но се нарекува темна затоа што тој дел од Месечината е секогаш завртен спротивно од нашата планета.

Претходна Вселенското летало New Horizons ја испрати првата фотографија од Ултима Туле на Земјата
Следна Несекојдневен одмор во пештера

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!