Уругваецот Луис Суарез би можел од јануари да ја напушти Барцелона и на негово место да дојде капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, пренесуваат шпанските медиуми.
Барцелона за англискиот напаѓач би можела да плати дури 200 милиони евра доколку се договорат за доаѓање на Камп Ноу.
Во круговите на Барцелона се вели дека Уругваецот веќе има 32 години и повредите почнаа да го стигнуваат, па Каталонците се со намера да го заменат за 7 години помладиот Кејн.
Кога станува збор за Суарез, тој во Барцелона пристигна во 2014 година од Ливерпул и за него платија 82 милиони евра. Во дресот на Каталонците одигра 217 натпревари и постигна 162 голови.
Кејн пак, својата сениорска кариера ја започна во Тотенхем, има одиграно 298 натпревари и постигнато 169 голови.