Најчестите причини зошто мажите избегнуваат секс

Британскиот сексолог Трејси Кокс спроведе истражување за најчестите причини зошто мажите одбиваат секс. Во истражувањето учествувале мажи од различни возрасни групи и брачен статус.

Ова се најчестите причини.

Кога жените се преправаат дека сакаат секс, а всушност не можат да го поднесат

Млад маж изјавил дека тоа му се случува постојано со неговите партнери; на почетокот на врската неговите партнерки глумат дека уживаат во сексот, а последната партнерка после една година врска му кажала дека воопшто не ја интересира секс или оргазам.

Претерување

Ова се однесува на претерување во звуците. Имено, еден маж изјавил дека спиел со девојка која веднаш почнала да прави звуци како во порно филм, што му било страшно одбивно.

Жени кои не знаат што да прават со пенисот

Мажите изјавија дека се фрустрирани кога жените не знаат како да се однесуваат со пенисот; „Тоа не е играчка и не можете да се преправате дека е балон“.

Жени на кои им недостасува самодоверба

Истражувањата покажаа дека мажите нема да сакаат да спијат со жени кои постојано се прашуваат дали се доволно убави и привлечни и со жени кои се срамежливи и кои се однесуваат како да немаат доволно доверба во партнерот.

Жени кои се претерано гадливи

Познато е дека сексот не е идеализирана верзија на водење љубов каква што можеме да ја видиме на филмовите, туку содржи и разни телесни секрети и во кои се јавуваат секакви звуци. Мажите ќе одбијат секс доколку нивната партнерка каже дека нешто што се случува во моментот на страста е „бљак“ или ако е избезумена заради потта.

Жени кои не можат да се одвојат од своите мобилни телефони

Еден маж во студијата изјавил дека спиел со жена и цело време се чувствувал како да едвај чека да заврши целата работа за да може да се врати на сурфање на мобилниот.

Премногу зборување

Испитаниците изјавиле дека воопшто не им пречи кога жените се зборливи, но дека не преферираат жени кои зборуваат во текот на целиот секс.

Претходна Какви видови на зеленчук треба да јадете за да го одржувате вашиот црн дроб здрав?
Следна Научниците открија огромен кратер на дното на Атлантскиот Океан

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!