Новата сезона во Формула 1 ќе помине без трка за Големата награда на Кина.
Очекувано, Формула 1 официјално потврди дека трката во Кина нема да се одржи ниту следната година, а причината се тешкотиите предизвикани од коронавирусот во оваа земја.
Додека поголемиот дел од светот се откажа од заклучувањата и ограничувањата на меѓународните патувања, Кина не се откажа. Кинеските власти продолжуваат да ги спроведуваат мерките и покрај големите протести во последните недели.
Шефовите на Формула 1 одлучија дека трката во Кина е премногу ризична и таа беше отстранета од календарот за 2023 година.
Инаку, Големата награда на Кина требаше да се одржи на 16 април по трката во Австралија, односно две недели пред Азербејџан, а Формула 1 организацијата сега ги проценува опциите за доделување на слободното место на друга патека.