Неочекувани ефекти од обична чаша вода

Ви треба будност за да учите или работите до доцна во ноќта? Сакате да изгубите некој килограм вишок? Сакате да давате крв без притоа да се онесвестите? Решението е речиси секогаш исто – внесете во телото течност. Но, не која било течност, туку чаша најобична вода од чешма. Според истражување објавено во списанието Hypertension, водата прави многу повеќе од гасење на жедта.

Дејвид Робертсон, фармаколог и невролог од Универзитетот Вандербилт од Нешвил, одамна открил дека водата го регулира притисокот кај пациентите кај коишто не функционира системот за одржување на притисокот на нормални вредности. Меѓутоа, нема некое значајно влијание на крвниот притисок кај луѓето кои немаат проблем со него. Затоа пак, кај нив ги стега крвните садови и ја подобрува работата на симпатикусот (од автономниот вегетативен систем), односно “системот за аларм” кој реагира во “бори се или бегај” ситуации, со што ја зголемува потрошувачката на енергија кога е тоа потребно.

Водата во функција на слабеење

Ова хипертензивно влијание на водата има големо физиолошко значење. Исто така, делувањето на водата врз системот за реагирање на стрес има јасно видливи резултати: “Активирањето на тој систем подразбира поголема потрошувачка на енергија. Пресметав дека ако секој ден пиете по 1,5 литри вода без да правите промени во исхраната, за една година можете да изгубите два килограми. Тоа не е најдобро решение за нашите проблеми со тежината, но секако е интересно да се размисли дека една обична хиперактивација на симпатичниот нервен систем може да доведе до таков ефект” , вели Робертсон.

Влијанието на водата врз крводарителите

Американскиот Црвен крст, инспириран од откритијата на Робертсон, спровел свое истражување за тоа какво влијание има пиењето вода пред дарување крв. Дошле до заклучок дека пиењето еден литар вода пред да се дава крв спречува онесвестување на крводарителот, односно, го намалува ризикот за тоа за 20 %. Тоа е исклучително важно, затоа што многу крводарители откако ќе се онесвестат при дарување крв, повеќе никогаш не се решаваат повторно да го направат тоа. Затоа, Робертсон напоменува дека покрај сè што е наведено, една толку “обична работа” како што е водата може да го зголеми бројот на крводарители, што не е воопшто за занемарување.

Претходна Протече изгледот на првиот гејмерски мобилен телефон на Леново
Следна Веселин Вујовиќ со револуционерен план за спас на ракометот

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!