Фетел на крајот од годината го напушта Ферари

Германскиот возач Себастијан Фетел ќе замине од Ферари на крајот од оваа година, откако преговорите меѓу двете страни завршија без договор.

Се очекува Ферари наскоро да ја објави официјалната потврда за заминувањето на Фетел, а прашање е што ќе се случи со кариерата на 32-годишниот четирикратен светски шампион.

Меѓу кандидатите кои би можеле да го заменат Фетел е и актуелниот возач на Мекларен, шпанецот Карлос Саинз. Доколку Саинз го напушти Мекларен, опција за овој тим е возачот на Рено, Даниел Рикиардо.

Австралиецот беше во сериозни преговори со Мекларен во 2018 година кога размислуваше дали да го напушти Ред Бул и заврши во Рено.

Познато е дека Рикиардо не е задоволен од францускиот тим и дека разговарал со тимот за заминување.

Фетел би можел да биде и опција за Мекларен, пренесува Би-Би-Си.

Луис Хамилтон, од друга страна, има договор со Мерцедес до крајот на сезоната, но, наводно, покажал желба да остане во овој тим. Мерцедес не го интересира Фетел.

Ред Бул исто така не планира да го спари Макс Верстапен со друга sвезда и покрај тоа што Фетел има освоено четири светски титули со овој тим.

Другите опции на Ферари се Рикиардо и Италијанецот Антонио Џовинаѕи кои возат за Алфа Ромео. Хамилтон не е сериозна можност за италијанскиот тим.

Претходна Мајк Тајсон се враќа во рингот?
Следна Десктоп верзијата на WhatsApp ќе овозможи видео повици за групи до 50 учесници

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!