Мајк Тајсон се враќа во рингот?

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (53) објави ново видео од подготовките откако пред десетина дена објави видео во кое го најави враќањето во рингот за добротворен натпревар во четири рунди.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија уште еднаш ја воодушеви својата армија на навивачи покажувајќи брзина на рака и удирна моќ.

https://www.instagram.com/p/CADjPgOl_Nw/?utm_source=ig_web_copy_link

„Се вратив“, рече Тајсон на крајот од видеото.

Пред околу десетина дена, популарниот Железен Мајк рече дека сака да се бори за да им помогне на бездомниците и луѓето кои, како него, биле уништени од дрога.

Тој добива профитабилни понуди од промотори на боксерски натпревари секој ден, па претседателот на Bare Knuckle Fighting Championship, Дејвид Фелдман, му понуди на Тајсон 20 милиони долари со можност за избор на противник.

Американските медиуми шпекулираат дека можни противници се рагби sвездата од Нов Зеланд, Сони Бил Вилијамс и Џонсон Фјури, таткото на боксерот Тајсон Фјури, кој дури рече дека е подготвен да „умре во рингот“.

Претходна OneRepublic – Counting Stars
Следна Фетел на крајот од годината го напушта Ферари

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!