Што го уништува либидото

Стрес

Можеби сте личност која функционира и многу работи извршува и покрај стресот. Сексот не спаѓа во тие работи. Стрес на работното место, финансиски проблеми, болест во семејството, сето ова може да го намали либидото. Научете некои од техниките за справување со стрес или побарајте медицинска помош.

Брачни проблеми

Нерешените проблеми во врската се еден од најчестите убијци на либидото. Особено за жените, емоционалната близина е еден од главните фактори за сексуалната желба. Лошата комуникација, недовербата и другите пречки кои застануваат на патот на интимноста, можат да ја уништат желбата за секс.

Алкохол

Еден или два пијалаци не го подобруваат секогаш расположението. Алкохолот ги намалува кочниците за време на сексот, но исто така може и да го убие вашиот сексуален нагон. Дури и ако нагонот го разбудите, пијанството може да го одбие вашиот партнер.

Премалку спиење

Ако сексуалната желба исчезнала, можеби премалку спиете, прерано станувате а предоцна легнувате. Или можеби имате несоница. Без разлика што е тоа што ви го попречува спиењето, тоа исто така влијае и на вашата желба за секс. Премалку спиење резултира со замор.

Родителство

Самото родителство не ја намалува желбата за секс, но може да биде тешко да најдете време за интимност ако постојано се грижите за децата. Од време на време однесете ги децата кај бабите и дедовците за да можете да се посветите на односот со партнерот. Ако имате бебе, обидете се да му се посветите на партнерот додека бебето спие.

Ниска самодоверба

Многу е тешко да се чувствувате привлечно ако имате ниска самодоверба. Ако не се чувствувате добро во своето тело, нема да можете потполно да се препуштите на сексуалниот чин. Физичките вежби не само што ќе ви ја зголемат самодовербата, туку и ќе го зајакнат сексуалниот нагон.

Дебелина

Прекумерната тежина е поврзана со недостаток на сексуална желба и уживање во сексот. Меѓу другото, причината може да биде поврзана и со самодовербата, со психолошки и други проблеми.

Лекови

Лекови кои се поврзуваат со губење на либидото се: антидепресивите, лековите за крвен притисок, антихистаминиците, оралните контрацептиви, хемотерапијата, лековите за ХИВ, синтетичкиот прогестерон.

Еректилна дисфункција

Еректилната дисфункција е различен вид на сексуално нарушување од губењето на либидото. Луѓето кои имаат еректилна дисфункција се грижат дали ќе можат да постигнат ерекција за време на интимниот однос.

Ниско ниво на тестостерон

Тестостеронот го зголемува сексуалниот нагон. Со стареењето, кај мажите нивото на тестостерон опаѓа. Не ја губат сите мажи желбата за секс кога ќе им падне нивото на тестостерон, но кај голем број од нив се случува тоа. Тестостеронот е исто така поврзан и со сексуалната желба на жените. Меѓутоа, женската хормонална рамнотежа е многу посложена отколку машката и многу фактори можат да влијаат на неа. За сега не е сè уште јасно дали терапијата со тестостерон е сигурна и ефективна во зајакнувањето на сексуалниот нагон и кај жените и кај мажите.

Депресија

Многу антидепресиви ја намалуваат сексуалната желба, исто како и самата депресија. Ако вашиот сексуален нагон е намален, тоа може да биде знак за депресија. Клиничката депресија е сериозна, но излечлива состојба.

Климактериум

Половина од жените изјавуваат дека кога влегуваат во менопауза им се намалува сексуалната желба. Симптомите на менопауза како што се сувост на вагината и болки за време на сексот, можат да ја намалат желбата за секс. Но, хормоналните промени и менопаузата се само дел од приказната, треба да се земат предвид и квалитетот на врската, самодовербата, пиењето лекови и физичкото здравје.

Премалку интимност

Сексот без интимност е убиец на сексуалниот нагон. Ако вашиот сексуален живот станува полош, најдете време да му се посветите повеќе на партерот и на себе, обидете се повторно да се зближите. Научете како да ја изразите љубовта без секс. Како ќе ја градите интимноста, така ќе расте и сексуалната желба.

Претходна Јапонски товарен електричен велосипед
Следна Ники Лауда, легендата на Формула 1, почина

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!