Португалски уметник ги претвора бетонските блокови во неверојатни 3Д графити

Португалскиот уметник Серхио Одејт ја започна својата кариера со спрејови во средината на 1980-тите, а денес создава навистина одлични уметнички дела.

Одејт почнал да црта графити во средината на 1990-тите, главно нелегално на потпорните ѕидови и железничките ѕидови, а неговата страст го направила препознатлив уметник кој сликал огромни мурали. Некои од нив ги насликал во Дамала, Каркавелос и многу други сиромашни населби во Амадора.

Серхио на петнаесет години го напуштил училиштето, но и покрај тоа што не добил диплома, сепак не се откажал. Тој е самоук во својата вештина, а неговото име станува се попознато по 2005 година и е препознатлив по техниката на анаморфоза, односно оптичка илузија.

Темниот стил на анаморфоза, кој подоцна го нарече Somber 3D, подразбира автентични композиции на огромни инсекти или предмети, кои ги слика во напуштени простори, а кои станаа вирални, истакнувајќи се со реализам и техника.

Работел како уметник за тетоважи помеѓу 1999 и 2008 година, живеел во Лондон, а моментално е во Лисабон, фокусирајќи се исклучиво на работа во студио и ѕидови.

Претходна Електричната Lancia Delta Integrale ќе се натпреварува во WRX
Следна Toyota го претстави новиот GR Hilux за следното рели Дакар

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!