Храна која може да биде замена за кафето

Кафето ја убрзува работата на срцето, го зголемува крвниот притисок и нè буди. Но, ако почувствувате пад на енергијата, не мора веднаш да посегнете по кафето или слатките, има многу поздрави намирници со кои може да се зголеми нивото на енергија.

  • Горчливиот лиснат зеленчук содржи глукозинолат кој му го дава горчливиот вкус на зеленчукот, има силен мирис и многу хранливи материи. Кога сакате нутриенти кои ви гарантираат зголемување на нивото на енергија, земете кељ, зелка, прокељ, келераба, карфиол или репка.
  • Храна богата со витамин Б12. Ако на телото му недостасува овој витамин или ако не е во состојба добро да го апсорбира, ќе се чувствувате уморно и раздразливо. Јајцата, месото, рибата, млечните производи и печурките се намирници богати со витамин Б12 кои ќе го отстранат заморот, главоболката, поспаноста и меланхолијата.
  • Храна која содржи многу железо. Кога во крвта нема доволно кислород клетките почнуваат да изумираат, а со тоа паѓа и нивото на енергија во организмот. Ова може да се спречи ако јадете намирници од животинско потекло кои содржат железо, како месото и рибата, или намирници од растително потекло богати со железо како спанаќот и блитвата кои треба да се комбинираат со витамин Ц заради подобра апсорпција на железото во телото.
  • Цвекло. Цвеклото содржи најмногу азот оксид од сето друго овошје и зеленчук. Азот оксидот е комбинација која го подобрува здравјето на крвните садови, ја подобрува циркулацијата и целокупната состојба на организмот. Како резултат, после оброкот во кој е вклучен и цвекло, лицето чувствува зголемување на целокупната ефикасност.
  • Вода. Заморот и безволноста можат да бидат симптом на дехидратација на телото и причина за тоа што често ве боли глава. Денот започнете го со чаша вода која ќе го хидратизира организмот и ќе го поттикне метаболизмот. На секои неколку часа испијте половина до цела чаша вода, а ако многу се потите или вежбате – и повеќе од тоа.
Претходна Volkswagen Golf 8 премиерно на македонскиот пазар
Следна Rock Me Amadeus (Falco) – AMADEUS Electric Quartet

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!