Сокот од брусница како регулатор на крвниот притисок

Освен за уринарни инфекции, сокот од брусница се препорачува и за регулирање на крвниот притисок.

Истражување на британски научници покажало дека сокот од брусница е одличен за намалување на крвниот притисок. Во многу претходни истражувања е докажано дека црвеното вино е идеално за регулирање на крвниот притисок, а Роџер Кордер, професор на универзитетот Кралица Мери во Лондон, изјавува дека “сокот од брусница е безалкохолна алтернатива која ветува” за сите оние кои имаат проблеми со крвниот притисок.

Кордер, кој е автор на книгата “Диета со црвено вино”, вели дека тимот научници идентификувал состојки во брусницата кои го подобруваат здравјето на крвните садови и го спречуваат нивното стеснување, што е главна причина за висок крвен притисок.

Претходна Нема повеќе евро кошарка во оваа сезона
Следна Имав нервен слом и сите проблеми ме стигнаа

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!