Lamborghini Huracan Sterato влегува во производство

Lamborghini се подготвува да започне со производство на „совршениот суперавтомобил за современиот свет“, кој ќе биде удобен, способен да се движи по лоши патишта и ќе има големо забрзување.

Пристигна ново тизер видео од Sant’Agata на кое е прикажан прототипот Sterrato во акција, а објавен е по тригодишно затишје кога е во прашање овој модел. Изгледа дека „Sterrato“ се насочува кон производство, а ако е нешто слично на концептот од 2019 година, ќе се базира на Huracan Evo со стандарден 5,2-литарски атмосферски V10 мотор кој дава 630 КС.

Концептот се разликуваше од стандардниот автомобил во суспензијата, висината на возењето беше зголемена за 47 mm, што го зголеми растојанието од подлогата, како и аглите на приближување и заминување. Променети се амортизерите и геометријата на суспензијата, поставени се масивни тркала, како и нови предни крила за да се компензира поместувањето од 30 mm на предната оска.

Исто така, има повеќе аеродинамични компоненти, има заштитен кафез, поудобни седишта, алуминиумски под и друго.

Цената, бројот на произведени примероци, времето на испорака и други детали се уште не се познати.

Претходна Huawei го претстави HarmonyOS 3.0, носи бројни новитети
Следна Научниците пронајдоа потенцијален лек за ќелавост

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!