УНЕСКО ја заштити реге музиката како дел од светското културно наследство

Лесните ритмови и мелодии на реге музиката промовирани од карипските музичари меѓу кои е и Боб Марли, придонесоа за тоа УНЕСКО официјално да ја впише реге музиката во листата на светско културно наследство.
Агенцијата за култура и наука на Обединетите нации ја впиша реге музиката како жанр кој треба да се негува, штити и промовира.
На својот почеток реге музиката се сметала за глас на маргинализираните, но како што поминувало времето така и музиката се промовирала и станала општо признаена и слушана музика во сите слоеви, етникуми, полови и верски групи.
Делегацијата на Јамајка ја пријавила реге музиката за листата на УНЕСКО на состанокот што се одржал на Маврициус, каде што биле разгледувани 40 предлози за додавање на листатa.
Реге музиката е создадена во шеесеттите години од минатиот век од јамајканските ска и рокстеди стилови и била под директно влијание на американските џез и блуз.
Овој музички стил многу брзо се пробил и станал популарен во САД и Велика Британија, каде што имало голем број јамајкански емигранти што се доселиле во годините по завршувањето на Втората светска војна.
Регето често го нарекуваат музика на угнетуваните, а стиховите се занимаваат со општествено-политички прашања и нееднаквоста.

Претходна Забавниот парк Дизниленд во Париз до 2030 година двојно ќе се зголеми
Следна Мазда останува фокусирана на развојот на моторите со внатрешно согорување

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!