Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо собори уште еден рекорд

Со 500 милиони следбеници, тој стана најследената личност на Инстаграм и единствениот профил во историјата на таа социјална мрежа со толку голем број следбеници.

Роналдо има 124 милиони повеќе следбеници од Лео Меси, кого на таа социјална мрежа го следат 376 милиони луѓе. Третата најследена личност на Инстаграм, Кајли Џенер која има 372 милиони следбеници.

За дополнителна популарност на таа мрежа на Роналдо секако придонесе и фотографијата со Меси која ја објави пред два дена, а за краток период собра речиси 38 милиони лајкови.

Роналдо, според некои проценки, заработува само околу 2,3 милиони долари по платена публикација од Инстаграм и соработки со модни и спортски брендови.
Фудбалерот често споделува семејни фотографии, а неговата вереница Георгина Родригез на Инстаграм ја следат над 39 милиони луѓе.

Претходна Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе
Следна Британски воен авион го направи својот прв лет користејќи масло за јадење

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!