Роберт Левандовски се сели од Баерн во Барселона

Сагата околу Роберт Левандовски конечно заврши, пренесува познатиот стручњак за трансфери Фабрицио Романо.

Романо со денови го следи развојот на иднината на Левандовски, кој на крајот од минатата сезона најави дека сака да го напушти Баерн, а најконкретна беше Барселона, каде Полјакот ќе ја продолжи кариерата.

По долги преговори, Барселона и Баерн се договорија за обештетувањето кое ќе изнесува 50 милиони евра со бонуси.
Како што пренесува Романо, денеска или утре се очекува официјалното соопштение за трансферот на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата во Барселона.

Левандовски во изминатите осум сезони во дресот на Баерн постигна 344 гола на 375 натпревари. Во изминатите две сезони беше најдобар стрелец во Европа и добитник на Златната копачка, а ФИФА го прогласи за најдобар играч во светот во изминатите две сезони.

Претходна Dire Straits – Brothers In Arms
Следна CFMOTO на југот од Франција ги претстави новите модели CFORCE X4 и X5

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!